2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНАСТИНКАТА МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛЕЧИ ЗА 24 ЧАСА: Направете го ова пред...

НАСТИНКАТА МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛЕЧИ ЗА 24 ЧАСА: Направете го ова пред спиење и наутро ќе се разбудите здрави!

Вирусите се секаде околу нас, особено во зима.

Со студените денови дојдоа и здодевните настинки. Иако најчесто се користат таблети, најдобро е прво да се обидете со овие совети.

Повеќе течности

Обичната вода или сок ќе го омекне грлото и ќе го отпушат носот. Освен чаеви, се препорачува и пилешка супа, бидејќи надокнадува минерали и електролити.

Плакнење грло

Растворете една лажичка сол во чаша млака вода и исплакнете го грлото, како би го исчистиле од бактерии и вируси. Покрај тоа, тоа ќе го ублажи секретот кој тера на кашлање и болно воспаление.

Лесна гимнастика

Неколку лесни вежби ќе му помагнат на имунолошкиот систем да се избори со настинката. Но, важно е организамот да не се напрега и за време на физичката активност пулсот да не надминува сто отчукувања во минута.

Хранлива вечера

Сонот е лековит, тоа е познато, а храната што ја внесувате пред спиење може да го зголеми позитивниот ефект. Експертите препорачуваат месо што не е масно, како риба, грав, интегрален ориз, како и многу свеж зеленчук, бидејќи е богат со антиоксиданти.

Топол туш пред спиење

Непосредно пред спиење, истуширајте се со топла вода. Ова ќе ги релаксира мускулите, ќе го елиминира треперењето и жешката пареа ќе ги ослободи респираторните органи.

За тоа како ќе се решиме од настинката веќе напишавме, а сега оторинолог открива кои се најголемите грешки што ги правиме, и кои го успоруваат процесот на закрепнување.

Околу 95 отсто од воспалението на грлото е предизвикано од вируси, па затоа нема смисла да се земаат антибиотици. Вирусите исто така, предизвикуваат непријатни симптоми како што се црвено и потечено грло. Ако се појави жолта слуз или бели наслаги, или дамки, веројатно е бактериска инфекција.

Вирусот ќе го погоди целиот респираторен систем и дишните патишта, а не само грлото. Во двата случаеви, неопходно е да се земе во предвид хидратацијата на телото и да се избегнува пиење алкохолни пијалоци, но исто така и кафето кое предизвикува дехидрација.

Ако имате главоболка или температура, не земајте ибупрофен. Ова е една од честите грешки. Парацетамолот е понежен за желудникот од аспиринот, а постојаѕ и докази дека ибупрофен ја забавува реакцијата на имунолошкиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП