19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСуперавтомобил преправен во купе-лимузина (видео)

Суперавтомобил преправен во купе-лимузина (видео)

Кој вели дека секој суперспортски автомобил мора да има само две врати?

„Mercedes“ во март 2018-та го претстави новиот член од семејството „AMG GT“ со необично име: „4-Door Coupe“.

На купувачите им се понудени три опции од новата спортска купе-лимузина: „GT 53“, „GT 63“ и најмоќниот, „GT 63 S“.

За во целост да уживате во преформансите на овој автомобил, неопходно е да го повозите на некоја тркачка патека или на дел на германски автопат на кој нема ограничување на брзината.

Сепак, за достигнување на екстремни брзини, блиски на максимално декларираната од 315 km/h, најдобро и најбезбедно е тоа да се направи на писта на некој аеродром.

„Motorsport Magazine“ го стори тоа на еден аеродром во Мароко. Погледнете како „Mercedes-AMG GT 63 S“ забрзува од 0 до 300 km/h:

„Mercedes-AMG GT 63 S“ добрива погон од 4.0-литарскиот „V8“ би-турбо мотор со 639 ks (470 kW) и 900 Nm максимален вртежен момент.

Моќта се пренесува на сите 4 тркала, а според фабричките податоци, од место до „стотка“ овој автомобил забрзува за само 3,2 секунди.

На снимката се гледа дека возилото од 0 до 100 km/h стигнува за 3,39 секунди, што е за нијанса послаб резултат од декларираниот. Сепак, тоа и натаму е одлично време, особено ако се знае дека празен автомобилот е тежок околу 2 тона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП