21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладина делегација на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург

Владина делегација на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург

StPetersburg

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заедно со министрите за економија и за привлекување странски инвестиции Ваљон Сарачини и Веле Самак, учествува на Меѓународниот економски форум, кој се одржува во Санкт Петербург.

Економскиот форум во Санкт Петербург ги собира клучните претставници на меѓународната бизнис заедница, политичката и економската елита на светот. Перспективите на глобалната економија и патиштата за постигнување на економски раст ќе бидат тема на разговор на околу 5.000 учесници од целиот свет.

На форумот теми на разговор ќе бидат со фокус на светските економски политики, стимулирањето на инвестициите и забрзувањето на растот на економијата, управување со државниот долг, реформите во меѓународниот финансиски систем, развојот на енергетскиот пазар и зголемување на светската трговија.

Во рамките на Форумот владините претстсвници ќе остварат поединечни средби со инвеститори кои претстојуваат на форумот, како и со колеги министри од повеќе земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП