23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовак: Русија го гарантира снабдувањето со природен гас за Европа

Новак: Русија го гарантира снабдувањето со природен гас за Европа

Русија го гарантира снабдувањето со природен гас за Европа, дури и во отсуство на договор со Украина за транзит. Ова го изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак во интервју за весникот „Комерсант“, цитирано од светските агенции.

„При какви е да е околности ние гарантираме испорака на руски гас според потпишаните од „Газпром“ долгорочни договори. Во таа смисла европските потрошувачи ќе бидат обезбедени со потребните количини“, рече министерот.

Според него негативното влијание врз преговорите за транзит преку Украина има судскиот спор меѓу руската „Газпром“ и украинската „Нафтогас“.

Освен тоа Новак рече дека Русија е подготвена да го обезбедува транзитот на гас преку Украина и по 2019-та година, ако тој биде профитабилен во споредба со другите правци.

На крајот на 2019-та година истекуваат договорите потпишани во 2009-та година, договори меѓу „Газпром“ и „Нафтогас“ за испорака на гас на Украина и за транзит на гас преку територијата на земјата кон Европа. Прашањето за складирање на транзитот на руски гас по 2019-та година се дискутира и во контекст на планираната изградба на гасоводот „Северен поток 2“ од Русија за Германија, кој ги заобиколува транзитните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП