21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТанаскоски: Со софтвер ќе ги олесниме царинските процедури, а ќе се доближиме...

Танаскоски: Со софтвер ќе ги олесниме царинските процедури, а ќе се доближиме и до ЕУ

Царинската управа од јануари ќе почне со тестирање на новиот интегриран софтвер за обработка на царински декларации и акцизни документи. Директорот на управата, Ѓоко Танасоски, рече дека овој софтвер ќе биде ставен во функција во текот на вториот квартал од идната година. Воедно, потенцираат дека Македонија ќе биде прва земја во регионот која воведува ваков софтвер.

„Со софтверот се заменува застарената процедура што предизвикуваше многу проблеми како за економските оператори, така и за царинските службеници. За целосна функционалност на софтверот потребно е и другите институции да ги прилагодат нивните, но и спроведување на обука за цариниците. Од друга страна, овој софтвер нè доближува до Европската Унија. Царинската управа е една од првите институции кои почнаа да се пролагодуваат на регулативите на Европската Унија“, рече директорот Танаскоски.

Директорот на Царинската управа е дециден дека со воведувањето на софтверот, бефенит ќе имаат и економските оператори.

„Сметаме дека со воведувањето на новниот софтвер ќе се скрати времето на чекање од 4 часа на камионите на царина, а економските оператори ќе имаат заштеди до 5.2 милиони евра. Ќе се олесни пренесувањето на стоки, софтверот е бенефит за сите“, додаде Танаскоски, според кого, на овој начин ќе се зголеми нивната конкурентност на пазарот.

Според Танаскоски, Царинската управа има подобрена наплата на приходите, што е резултат на царинските процедури и работата на службениците. Годинава, за 8.400 е зголемен бројот на увоз на користени возила во однос на лани.

„Во однос на остварувањето на планот за наплата на приходи за 2018 година, кој изнесува 84.234 милиони денари, кумулативно истиот е остварен и натфрлен. Ова е за 11,1% повеќе од минатата година“, смета Танасоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП