20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ќе испадне од големата петторка најголеми светски економии

Велика Британија ќе испадне од големата петторка најголеми светски економии

Велика Британија би можела да падне од петто на седмо место на листата на најголеми светски економии следната година по напуштањето на Европската унија.

Ова е прогноза од експертите на консултантската фирма “PricewaterhouseCoopers” (PwC).

Според нивното истражување, Индија и Франција би можеле да ја истиснат Велика Британија од петтото место, а според новиот економски распоред Индија ќе биде петта, а Франција ќе се најде на шесто место на најголемите економии во светот.

PwC предвидува дека во 2019 година британскиот економски раст ќе изнесува 1,6 отсто, ако земјата успее без големи последици да го надминување шокот од излегувањето од ЕУ.

Во истото истражување, француската економија се очекува да порасне за 1,7 проценти во 2019 година, додека Индија ќе порасне со стапка од дури 7,6 проценти.

“Во текот на изминатите неколку години Британија и Франција ги менуваа своите позиции на листата на најмоќните економии во светот, но во оваа и следната година, француската економија ќе биде во подобра позиција”, рече економистот на PwC, Мајк Џејк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП