10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПедесет генерации инженери на ФЕИТ

Педесет генерации инженери на ФЕИТ

feit

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), вчеравечер пред платото на Факултетот, ја промовираше педесеттата јубилејна генерација дипломирани инженери. Оваа генерација, исто така, постави и нов рекорд на студирање на ФЕИТ, кој сега изнесува 4 години и 17 дена.

„Денес го добивате признанието за вложениот труд, за  многуте непроспиени ноќи, за точните резултати на испитите, за километрите направени од анекс до главна зграда, за мамурните утра кои ги поминувавте во факултетските предавални… Ја добивате вашата диплома, но тоа не е само парче хартија испишано со вашето име. Тоа е дел од исполнување на сонот да се биде успешен и почитуван“, порача деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски.

Исто така, беа промовирани и магистри на ФЕИТ, а беа доделени и многу награди.

Наградата „Инженерски прстен“, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, беше доделена на најдобриот студент Катерина Смиљковиќ. Признанието го додели проф. д-р Христина Спасевска, генерален секретар на Инженерската Институцаија на Македонија.

„Драги дипломци, ние во Институцијата се надеваме дека во текот својата професионална кариера ќе се вклучите во нашите активности и ќе придонесете во создавањето на се подобра општествена клима за инженерските дејности, како на национално, така и на меѓународно ниво“, вели генералниот сектретар Спасевска.

Најдобриот студент Катерина Смиљковиќ исто така, е добитник и на наградата „Атанаско Кантарџиев“ што ја доделува фондацијата „Атанаско Кантарџиев“.

Македонскиот национален комитет при Меѓународната конференција за големи електрични системи „МАКОСИГРЕ“ додели три награди на најдобрите дипломирани студенти од електроенергетските студиски програми на Факултетот, а наградите ги врачи претседателот на МАКОСИГРЕ, проф д-р Рубин Талески.

Оваа година за прв пат, Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Македонија (ЕТАИ) додели награда на најдобрите дипломирани студенти од студиските програми: Електроника, радиотехника и процесирање на сигнали, Телекомуникации,  Компјутерско системско инженерство и автоматика, Информатика и Kомпјутерско Инжинерство. Наградите ги додели претседателот на ЕТАИ, проф д-р Александар Ристески.

Награда додели и фондацијата на проферсор Стамболиев (пензиониран професор од Машинскиот факултет) за најдобариот дипломиран студент на студиската програма Електроника, Радиотехника, Процесирање на Сигнали.

Педесетгодишниот раст на Факултетот почнал во 1959 година, како оддел на тогашниот Технички факултет со педесетина студенти. Во овој историски период од 54 години постоење, од клупите на ФЕИТ, излегле 103 доктори на науки, 551 магистер и 8749 инженери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП