Загреб – Хравтскиот концерн „Агрокор“ и словенечкиот ланец супер-маркети „Меркатор“ потпишаа договор за соработка, што е последен документ во оваа фаза на реализација на трансакцијата за купопродажба на 53,12 отсто од акциите, кои треба да ги преземе компанијата на хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ за 240 милиони евра. Тодориќ кон крајот на минатата недела потпиша договор за преземање на мнозинскиот пакет акции во „Меркатор“ со сопственичкиот конзорциум од 12 работодавачи. Со тој новопотпишан договор меѓу „Агрокор“ и „Меркатор“ дефинирана е соработка на менаџментите на двете компании во преодниот период до затворањето на трансакцијата со која „Агрокор“ ќе стекне мнозински сопственик на „Меркатор“.
Белград – Претставниците на Обединетите Арапски Емирати уплатиле 5 милиони долари за прва транша на српската Програма за развој на ракети „Алас“, дознава „Блиц“. Тоа е прв ефект од договорот за соработка во областа на одбраната, што првиот потпретседател на Владата на Србија Александар Вучиќ во февруари оваа година го потпиша со шеикот Абдулах бин Заед, брат на престолонаследникот на ОАЕ, Мухамед бин Заед.
Брисел – Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ синоќа постигнаа привремена спогодба за буџетската рамка на Унијата за периодот 2014-2020 година. – Ги завршивме преговорите. Водечкиот преговарач на Парламентот и јас договоривме пакет, што и двајцата ќе го препорачаме, соопшти ирскиот вице-премиер и министер за надворешни работи и трговија Ејман Гилмор, кој ги претставуваше владите на земјите-членки на преговорите во Брисел. што траеја повеќе од едно деноноќие. Гилмор соопшти дека ќе побара од министрите за финансии на ЕУ, на својата денешна средба во Луксембург, да го поддржат договорот.
Виена – Водечката австриска градежна компанија „Алпина Беј“, прогласи банкрот, бидејќи не успеа да се договори со доверителите за репрограмирање на долгот, соопшти претставник на фирмата. „Алпина Беј“ влегува во стечај со обврски од 2,6 милијарди евра, што претставува најголем банкрот во Австрија во последните 60 години. Вредноста на активата на фирмата е 61 милион евра. Меѓу доверителите на „Алпина Беј“ се и најголемите австриски банки – „Ерсте Груп“ и „Банката на Австрија“.
Рим – Во Италија од продажба се повлечени замрзнати шумски плодови откако било утврдено дека се заразени со Хепатит А. Замрзнатите шумски плодови биле увезени од Романија, од Полска и од Бугарија. Италијанските власти биле алармирани од Системот за брзо предупредување за храна и сточна храна. Италија и претходно двапати сигнализираше дека открила пратки замрзнати шумски плодови заразени со вирусот на Хепатит А. Пратките биле увезени од Канада, Србија, Бугарија и Полска и исто така биле повлечени од пазарот.
Вашингтон – Американската Управа за федерални резерви (ФЕД) очекува невработеноста да се намали на 7,2-7,3 проценти до крајот на 2013 година и до меѓу 6,5 и 6,8 отсто до крајот на 2014 година. ФЕД планира краткорочните каматни стапки да ги држи на ниво блиску до нула доколку невработеноста се намали до нивото од 6,5 отсто. Управата очекува инфлацијата да се намали под првично очекуваните 2 проценти. Во соопштението на банката се наведува дека ФЕД ќе продолжи со силната поддршка за заздравување на економијата со држење на основната каматна стапка меѓу 0 и 0,25 отсто.
Вашингтон – Американската Управа за федерални резерви (ФЕД) во текот на летото би можела да го намали обемот на купување на обврзници, доколку економијата на САД проодлжи да зајакнува. Првиот човек на ФЕД, Бен Бернанке најави дека кон средината на оваа година Управта би можела донесе нова програма за купување обврзници. Според него, тоа не значи дек ФЕД „притиска на сопирачките, тук само ја отушта педалата за гас“.