2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси 370 километри од гасоводот „Северен поток 2“ веќе се завршени

Речиси 370 километри од гасоводот „Северен поток 2“ веќе се завршени

Спроведувањето на проектот „Северен поток 2“ оди по распоред и веќе се изградени речиси 370 километри од гасоводот, соопшти операторот на проектот компанијата „Nord Stream 2“, цитирана од агенциите.

Во моментов се положени цевките на делница од околу 370 километри, се посочува во коминикето на компанијата, објавено на нејзиниот сајт.

Како што беше соопштено порано „Nord Stream 2“, чиј единствен акционер е рускиот концерн „Гаспром“, ги добила потребните дозволи во четири од петте земји низ маршрутата на „Северен поток 2“. За гасоводот се работи во Шведска, Финска, Германија и Русија во согласност со издадените национални дозволи.

Проектот „Северен поток 2“ предвидува да се изградат две линии од гасоводот со вкупна моќност од 55 милијарди кубни метри годишно од крајбрежјето на Русија во Балтичкото Море до Германија. Објектот ќе заобиколи транзитните земји Украина, Белорусија, Полска и другите источноевропски и балтички земји во ексклузивните економски зони и територијални води на пет држави – Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија. Вкупните трошоци на проектот се проценуваат на 9,5 милијарди евра.

На 12-ти декември Европскиот парламент повика на прекин на изградбата на нафтоводот „Северен поток“. Резолуцијата беше усвоена со 433 гласови за, 105 против и 30 воздржани. Причината за повикот е клучната улога на Украина во европската енергетска мрежа, вели ЕП. Според европратениците комплетираниот гасоводот кој ја заобиколува Украина „е политички проект кој претставува закана за европската енергетска безбедност“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП