14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа две години Кинезите произведуваат повеќе цемент отколку Американците за 100, а...

За две години Кинезите произведуваат повеќе цемент отколку Американците за 100, а град како Рим градат за седум дена

Се проценува дека до 2030 година Кина ќе биде побогата од САД. Ова не е тешко да се поверува, особено ако се имаат предвид конкретните податоци за развојот на кинеската економија во втората половина на 20 и почетокот на 21 век.

Кинеската економија растеше помеѓу 1978 и 2013 година во просек за околу 10 проценти годишно, а Кинезите во тоа време имаа десеткратно зголемување на приходите. Животниот стандард е подобрен за повеќе од 800 милиони луѓе во оваа земја, додека стапката на смртност кај доенчињата опадна за 85 отсто. Просечниот животен век е подолг за 11 години.

Од 2014 до 2016 година, Кинезите произведоа повеќе цемент од САД во текот на целиот 20 век, додека од 1996 до 2016 тие изградија повеќе од 2,6 милиони километри пат.

Кинезите секоја недела градат населба со големина на Рим. Од 2008 година, 40 проценти од глобалниот раст на БДП мора да се припише на Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП