1 јули, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВечна дилема: Може ли да се научат претприемачките вештини или тие се...

Вечна дилема: Може ли да се научат претприемачките вештини или тие се вродена особина?

pretpriemnishtvo1

Како што пазарот на трудот станува се повеќе конкурентен, така доживотните вработувања одат во историјата, а претприемништвото станува се повеќе популарно.

Многу училишта и факултети нудат деловна едукација, во речиси секоја книжара ќе најдете голем број на книги кои се занимаваат со проблематиката на успехот во работењето и започнувањето на претприемачка кариера.

Но дали може претприемништвото да се научи во училиште или тоа претставува комплет од вештини кои можат да се стекнат низ животното искуство?

Многу образовани експерти тврдат дека претприемништвото може да се научи, исто како менаџерските способности. Експертите се согласуваат дека праксата е единствениот начин за учење на тие вештини. Еден таков пример се меѓучовечките односи.

Анегдотата од Ричард Бренсон

Основачот на „Virgin“, Ричард Бренсон, кој бил срамежлив како дете, често раскажува една анегдота од својата младост, која му помогнала да го изгради сопствениот карактер и комуникациските вештини.

Вушност, неговата мајка го „исфрлила“ од автомобилот неколку километри подалеку од куќата и побарала од него тој сам да се снајде и да се врати дома. Тој се појавил во куќата по десет часа, но по патот научил многу непроценливи лекции од интеракцијата со другите луѓе со цел да се снајде и да го најде вистинскиот пат.

Проценката на ризикот – клуч за успехот

Втората важна вештина е секако способноста за калкулација, односно проценка на ризикот, која доаѓа заедно со подготвеноста за прифаќање на неуспехот и неизвесноста. На крајот на денот, едноставно морате да се обидете, со текот на времето сите работи ќе ви станат полесни и појасни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП