3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекоја петта личност во Хонг Конг живее во сиромаштија

Секоја петта личност во Хонг Конг живее во сиромаштија

Бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија во Хонг Конг не се намалил и покрај владините напори. Тоа е сигнална „сијаличка“ за локалните власти во врска со социјалната нееднаквост во еден од најскапите градови во светот.

Луѓето во Хонг Конг кои живеат под прагот на сиромаштијата, се зголеми до 1.4 милиони лица. На крајот на 2017-та година покрај помошта на Владата и социјалните надоместоци, 14,7% од населението од градот живее во сиромаштија. Прагот на сиромаштија во Хонг Конг за еден човек е 4.000 хонконгски долари (511 американски долари) месечно, а за четиричлено семејство е 19.900 хонконгски долари.

Бројот на постојани жители во азискиот град изнесува 7,4 милиони, но населението брзо се зголемува.

Економскиот изглед на Хонг Конг изгледа мрачен поради зголемувањето на надворешните ризици. Очекуваниот економскиот раст во автономниот регион се забави на 3,2% во 2018-та година, додека во претходната година растот изнесуваше 3,8%. Падот се должи на трговската војна меѓу САД и Кина, како и во забавувањето на кинеската економија.

„Сиромаштијата кај децата, исто така, се зголеми за 0,3% на годишна основа на 23,1%. Тоа е затоа што премногу роднини живеат во едно живеалиште“, коментира министерот за труд и социјална политика Лоу Чи Куонг на официјален брифинг.

„Ефектот од одлуката за укинување на минималната плата, која стапи во сила во март 2017-та година, ќе се почувствува во податоците за 2018-та година“, објаснува главниот секретар на администрацијата на Хонг Конг, Метју Ченг Кин Чунг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП