Претходно оваа година „Brabus“ ја лансираше верзијата „Mercedes-AMG E63 S“ со перформанси на ниво на хиберавтомобил, а сега сличен „одговор“ пристигнува и од „G-Power“.
„G-Power“ од „AMG“ агрегатот од 4,0-литри твин-турбо „V8“ успеа да извлече импресивни 800 KS и 1.000 Nm вртежен момент.
Ваквиот мотор му овозможува на „E63 S“ од место до 100 km/h да стигне за 3,1 секунди со максимална брзина која надминува 300 km/h.