23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите луѓе во светот загубиле 511 милијарди долари во 2018-та

Најбогатите луѓе во светот загубиле 511 милијарди долари во 2018-та

Најбогатите луѓе во светот загубиле 511 милијарди долари во 2018-та година, во позадина на рекордната добивка во првата година од половина.

Главните причини за ова се грижите за рецесија во економијата на САД, како и трговската војна меѓу САД и Кина, но исто така и висината на каматните нивоа кои доведоа до уште посилен пад на пазарите на капитал во најголемите економии во светот.

Според податоците, 500-те најбогати луѓе во светот поседуваат вкупно 4.7 илјади милијарди долари.

Падот во второто полугодие од 2018-та година е речисислично со второто од 2012-та година, откако „Bloomberg“ започна да го следи богатството на милијардерите.

По првите силни месеци од 2018-та година, вкупното богатство на 500-те најбогати луѓе во светот достигна рекордни 5,6 илјади милијарди долари.

Дури и Џеф Безос, кој моментно е на чело во ранг листата, достигна до богатство од 168 милијарди долари во септември, што претставуваше за 68 милијарди долари повеќе во однос на крајот на 2017-та година. Во последните три месеци Безос сепак загуби 53 милијарди долари, што е повеќе од пазарниот рејтинг на компании, како „Delta Air Lines“ или „Ford“.

Најголеми загуби во 2018-та година сепак забележа Марк Цукерберг кој до петокот загуби 23 милијарди долари. Американските милијардери изгубиле 5.9% од своето богатството и денес поседуваат 1,9 илјади милијарди долари.

Вкупната загуба на најбогатите луѓе во Азија изнесува 144 милијарди долари, додека 16 од 25-те милијардери во Русија, кои се дел од топ 500 исто така ќе ја испратат 2018-та година со помалку пари, отколку пред 12 месеци.

Богатството на претседателот на „Continental“, Георг Шефлер и неговата мајка Марија Елизабет Шефлер-Туман, се намали за 17 милијарди долари, што е и најголемата загуба во Европа. Сумата е доволна за да се отстрани даден милијардер меѓу првите 100 на најбогати луѓе во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП