6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Кои се најголемите американски производители?

График на денот: Кои се најголемите американски производители?

Американскиот претседател Доналд Трамп сака технолошкиот гигант „Apple“ да го премести целото производство во САД, повеќе пати предупредувајќи дека ќе наметне царина за производите на компанијата, како дел од ексалираната трговска војна со Кина, потсетува „HowMuch.net“.

Излегува дека тој може и да е на вистинскиот пат, бидејќи економијата забележува зголемување на фабричките работни места со импресивно темпо, или раст од 3,1% во првите 21 месец од неговата администрација. Ова ќе ги натера луѓето да се запрашаат како изгледаат најдобрите американски производствени компании, без оглед каде се наоѓа поголемиот дел од нивните капацитети.

Изданието ја зема листата на „IndustryWeek“ за 50-те најголеми производители од САД, која го разгледува финансиското претставување на голем број индикатори, за да открие кои се најсилните компании. Тука спаѓаат профитните маржи, продажбата и враќањето на средствата. Прегледот на публикацијата го покажува рангирањето во неколку индустрии, фокусирајќи се главно на приходите и профитабилноста.

„Apple“ е очигледно во оваа група со нето профит од речиси 50 милијарди долари во минатата година. И сепак оваа бројка го вклучува профитот од неколкуте нејзини бизниси, вклучувајќи ги купувањата во „AppStore“, „iTunes“ и продажбата на уреди.

„Microsoft“, „Oracle“ и „Cisco“ имаат бизнис со повеќе милијарди долари со профитна маргина од над 20%. Комбинацијата на приходи и профитабилност на „Apple“ сепак, заедно со другите технолошки компании во визуелизацијата, јасно покажуваат каде се прават големи пари.

Технолошкиот сектор не е единствениот во индустријата со приходи од над 100 милијарди долари. Компаниите за нафта и јаглен остануваат релативно профитабилни, иако со многу пониски маржи. „Exxon Mobil“, на пример, генерира највисок приход во споредба со сите други компании – 244 милијарди долари. Приходите на „Chevron“ и „Phillips 66“ се 142 и 105 милијарди долари.

Производителите на автомобили, исто така, надминале 100 милијарди долари, но „GМ“ заслужува да биде експлицитно спомената поради својата негативна профитна маргина од -2,65%. Таа е исто така една од петте компании на листата, која всушност губи пари.

Од оваа гледна точка „GE“ се уште не е во листата на загубари, бидејќи податоците се за 2017-та година. „GE“ е пример за тоа колку лесно големите компании можат да пропаднат. Акциите на „GE“ се распаднаа во 2018-та година, во моментот на создавање на листата цената на акција е 7,10 долари. И голем број аналитичари сега се прашуваат дали компанијата може да преживее, а камоли да се врати во „Dow“.

Сето ова само покажува дека производството, како и секоја друга индустрија, може да помине низ подеми и падови. Само времето ќе покаже дали „GE“ ќе остане доволно долго за да биде на листата и во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП