10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанскиот Сенат го усвои Буџетот за да одговори на барањата на ЕУ

Италијанскиот Сенат го усвои Буџетот за да одговори на барањата на ЕУ

Италијанскиот Сенат ги усвои измените на нацрт-буџетот со цел да одговори на барањата на Европската унија (ЕУ).

Голем дел од планираниот Буџет на Владата во 2019 година беше одобрен од страна на Горниот дом на италијанскиот Парламент рано изутрина по речиси целовечерна дебата.

Според новиот предлог, предвидена е буџетска заштеда од 10,25 милијарди евра, делумно благодарение на одложувањето на примената на двете главни мерки на италијанската Влада за реформа на пензиите и приходите на граѓаните, минимален приход за најранливите категории.

Според постигнатиот договор, буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,04 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) наместо од првично проектираните 2,4, со прогноза за раст намалена за еден процент за следната година, наместо првичините 1,5 проценти.

Договорот треба да овозможи избегнување на зголемување на огромниот италијански долг, кој сега изнесува околу 130 отсто од нивниот бруто-домашен производ.

Владата на премиерот Џузепе Конте сака Долниот дом да го одобри новиот нацрт-буџет што е можно поскоро, бидејќи Европската комисија се закани со казнени мерки ако буџетот не биде променет до 31 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП