2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурц: Дополнителните даноци ќе ги избркаат странските инвеститори од Романија

Курц: Дополнителните даноци ќе ги избркаат странските инвеститори од Романија

Австрискиот канцелар Себастијан Курц навести дека странските компании може да се повлечат од Романија, откако владата откри изненадувачки план за наметнување на дополнителни даноци на банките, енергетските и телекомуникациските компании.

Курц е во посета на Романија пред земјата да го преземе ротирачкото претседателство на Европската унија (ЕУ) од 1-ви јануари.

Тој рече дека австриските компании „може да си ги земат работите и да си заминат“, додавајќи дека мерките може да доведат до губење на работни места и зголемување на цените, како и да ги одбијат инвеститорите.

Романскиот министер за финансии Еуџен Теодорович ги претстави во вторникот мерките за да го намалат буџетскиот дефицит, кој ризикува да го надмине ограничувањето на ЕУ од 3 отсто од бруто домашниот производ.

Букурешката берза го достигна најниско ниво во изминатите десет години по објавувањето на мерките и акциите на австриската гасна компанија „OMV“ се намали за 13 отсто.

Тој исто така ја критикуваше Социјалдемократската влада во Романија во врска со спорната судска реформа, која според противниците ќе ги поткопа напорите во борбата против корупцијата на високо ниво.

Курц ја истакна важноста на правната држава, велејќи дека е „важно кога има негативен развој, да реагираме и да се обидеме да ја поправиме“ грешката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП