24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора го зголеми ДДВ-то на 19 проценти

Црна Гора го зголеми ДДВ-то на 19 проценти

crnagora1

Црногорскиот парламент со гласовите на владеачката коалиција, го поддржи владиниот предлог за Данокот на додадена вредност (ДДВ) да се зголеми од 17 на 19 проценти.

За зголемување на стапката на ДДВ гласаа 42 пратеници, додека 34 претставници од опозицијата беа против.

Министерот за финансии Радоје Жугиќ за време на парламентарната расправа изјави дека зголемувањто на ДДВ-то е предложено поради буџетскиот дефицит, односно нерамнотежата помеѓу приходите и расходите.

Тој изјави дека, поради економската криза, постои можност да биде доведена во прашање ликвидноста на државата.

Зголемувањето на ДДВ-то е тешка и непопуларна, но неопходна мерка со цел да се намали јавниот долг и да се воспостави фискална одржливост и макроекономска стабилност, изјави Жугиќ.

Според него, ова зголемување на ДДВ-то во државниот буџет би требало да донесе приход помеѓу 37 и 40 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП