4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманска верзија на евтин електричен автомобил кој чини 15.900 евра (фото+видео)

Германска верзија на евтин електричен автомобил кој чини 15.900 евра (фото+видео)

Една од најголемите пречки кога станува збор за масовната употреба на автомобили на електричен погон е нивната превисока цена во споредба со сличните модели со бензински и дизел мотори.

Германската „стартап“ компанија „e.Go Mobile“ се доближи до решавање на тој проблем, а нејзиниот одговор е моделот „Life“.

Овој електричен автомобил е наменет главно за возење во урбани услови или на кратки меѓуградски релации, со оглед дека неговата автономија изнесува од 121 дo 184 km, во зависност од големината на вградената батерија.

Од батеријата зависи и цената на моделот, која варирда од 15.900 eвра, колку што чини најевтиниот модел со батерија со капацитет од 14,9 kWh, потоа 17.400 eвра за верзијата со 17,9 kWh, до 19.900 eвра колку што изнесува цената на најскапиот „e.Go Life“, возило кое има батерија од 23,9 kWh.

Основниот модел со полна батерија без застанувања може да мине 121 km, мерено според „NEDC“ стандардот, верзијата со 17,9 kWh има радиус на движење до 142 km, додека автомобилот со најголема батерија според теоријата може да мине 184 km.

Компанијата „e.Go Mobile“ објави и реалистични проценки за возењето во градски сообраќај, каде резултатите се малку поскромни и во зависност од батеријата се движат од 104, преку 124, па до 158 km кај верзијата со батерија од 23,9 kWh.

Моделот со најмала батерија, „Life 20“, има мотор со моќност од 27 ks (20 kW), средната верзија, „Life 40“, поседува електричен аграгат од 54 ks (40 kW), a најскапата – „Life 60“, има погонска единица која испорачува 82 ks (60 kW).

Според фабричките податоци, времето потребно да се наполни батеријата од 14,9 kWh во домашни услови во штекер од 230 V изнесува 5,4 часа, зa батеријата од 17,9 kWh е потребно 7,3 часа, додека за најголемата од 23,9 kWh oвој период изнесува 9,8 часа.

Максималната брзина во зависност од моќта на електромоторот се движи од 116 km/h кај најслабиот модел, преку 130 km/h кај средниот, а кај најмоќната верзија дo 152 km/h.

Збрзувањето од 0 до 50 km/h по редослед изнесува: 7,7 секунди, 4,7 секунди и 3,4 секунди.

Инаку, „e.Go Mobile“ ја основаше професорот Гинтер Шух, човек кој стои зад најпродаваниот електричен ван во Европа – моделот „Street Scooter“, кој уште во раната фаза од тој проект беше продаден на германската Пошта.

Токму оваа трансакција му овозможи да започне нов проект – „e.Go Mobile“, со помош на компанијата „ZF Friedrichshafen“.

Бидејќи е наменет пред се за возење во урбана средина, моделот „Life“ има скромни димензии (3348/1700/1567 mm, меѓуосовинското растојание изнесува 2200 mm), па тој може да превезе до 4 возрасни лица.

Од компанијата „e.Go Mobile“ велат дека веќе имаат примено 3.200 нарачки за моделот „Life“, a производството на овој автомобил ќе започне во март 2019-та година во фабриката во Ахен.

Првите испораки на возилото се планирани за во април. Доколку се биде според планот, „e.Go Mobile“ има намера до 2022-ра годишно производство на 100.000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП