3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден од најпосетените европски градови ги моли туристите да не доаѓаат пречесто

Еден од најпосетените европски градови ги моли туристите да не доаѓаат пречесто

Пластични лалиња, ветерници и кломпи се главните сувенири во холандскиот град Амстердам, а всушност и најголемиот поттикнувач на градската економија. Сепак, локалната самоуправа ја забрани експанзијата на ваквата работа.

Уставниот суд во Холандија ја поддржа забраната на властите во Амстердам да го запрат отворањето нови продавници во кои се продаваат сувенири.

Ова е само уште една мерка во борбата на власта против масовниот туризам. Најпрвин беше отстранет големиот натпис „Iamsterdam“, кој важеше за симбол на градот, а исто така се размислува и за отстранување на улицата на црвените фенери од центарот на градот.

Забраната за отворање нови продавници влезе во сила во октомври 2017 година и не крши ниту еден закон на Европската Унија.

Целта на забраната е да се изретчат продавниците што ваквите сувенири ги продаваат исклучиво на туристи со цел да не им се отежнува животот на жителите на градот.

Инаку, Амстердам, кој има 741 илјада жители, годишно го посетуваат 9 милиони туристи поради што неговите жители често имаат проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП