17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарците маршираат против „робовладетелскиот закон“ на Орбан

Унгарците маршираат против „робовладетелскиот закон“ на Орбан

Илјадници Унгарци вечерва се приклучија кон маршот против премиерот Виктор Орбан, кој го организираше сатиричната политичка партија „Кучето со две опашки“ (MKKP).

Протестот е организиран по усвојувањето на два контроверзни закона, кои критичарите ги нарекоа „робовладетелски закон“, a MKKP во свој елемент, протестот го организира како „поддршка на владината политика, Божиќ и снежните врнежи“.

„’Робовладетелскиот закон’ им овозможува на работодавачите од своите вработени на годишно ниво да бараат и до 400 часа прекувремена работа, а вториот поставува основа за создавање на судови за кои критичарите сметаат дека ќе се користат во шеми на политички манипулации“, објави аганцијата „Ројтерс“.

Еден од демонстрантите носел транспарент со натпис „среќен газда, мрачна недела“.

„Конечно можеме да работиме осум дена во неделата. Веќе не треба ни да се занимаваме со независни судови. Бездомниците се елиминирани. Безобразните странски училишта исчезнуваат. И да, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос“, се вели во саркастичната покана за денешниот марш објавена на „Фејсбук“.

Премиерот Орбан упорно тврди дека протестите ги разгоруваат платениците на Сорос, што беше демантирано од страна на Фондацијата отворено општество.

MKKP како патија е основана пред повеќе од десет години, а агенцијата „Ројтерс“ наведува дека организацијата се етаблирала како „полусериозна“ сила која преку иронија се залага за решавање на практични општествени проблеми. Таа не е во парламентот, а имапе 3% поддршка на последните парламентарни избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП