1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn планира да изгради фабрика за чипови во Кина

Foxconn планира да изгради фабрика за чипови во Кина

Тајванската компанија „Foxconn“, која е снабдувач на „Apple“, води финални преговори со локалните власти во кинескиот град Џухаи за изградба на фабрика за чипови со вкупна инвестиција од 9 милијарди долари, пишува бизнис весникот „Nikkei“, цитиран од „CNBC“.

Инвестицијата може да достигне 60 милијарди јуани, или 9 милијарди долари, од кои повеќето ќе бидат обезбедени од страна на властите преку субвенции и даночни олеснувања, додава весникот, повикувајќи се на свои извори.

Џухаи е град во јужната кинеска провинција Гуангдонг во близина на Макао.

Планот за изградба на модерната фабрика беше објавен во позадина на трговскиот спор меѓу Кина и САД, кој вклучува грижи за зголемувањето на производството на чипови во Кина.

Се очекува „Foxconn“ да создаде заеднички потфат со јапонскиот производител на електроника „Sharp“, кој го купи во 2016-та година, како и со локалните власти за спроведување на проектот, додава „Nikkei“.

„Sharp“ е единствената единица на „Foxconn“ со искуство во производство на чипови. Но, сепак јапонската компанија престана да развива сопствени технологии во оваа сфера, кога се соочи со финансиски проблеми уште во 2010-та година.

Извор запознаен со предметот, коментирал за „Ројтерс“ дека компанијата „Sharp“ не е вклучена во преговорите.

„Foxconn“, чие официјално име е „Hon Hai Precision Industry“, планира да ја започне изградбата во почетокот на 2020-та година. Претставници на компанијата одбија да дадат коментар во врска со ова прашање.

„Foxconn“ е заинтересирана за бизнисот со чипови, но многумина претставници од индустријата се сомневаат дека компанијата има ресурси, за да влезе во сфера во која се потребни големи капитални трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП