19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на Aventador ќе има хибриден погон со V12 aгрегат

Наследникот на Aventador ќе има хибриден погон со V12 aгрегат

Како што пренесува „Autocar“, „Lamborghini“ ќе го претстави наследникот на моделот „Aventador“ во 2020-та година.

Новиот суперавтомобил на „Lamborghini“ ќе биде придвижуван од хибриден погон кој за прв пат следната година ќе биде користен во лимитирана серија.

Оваа серија има кодно име „LB48H“, a „Lamborghini“ ќе ја претстави во рамките на серија на „единствени“ модели, како што тоа се случи со „Centenario“ и „Veneno“.

Се очекува овој хиперавтомобил да чини повеќе од два милиони евра. Погонската единица ќе биде во комбинација од „V12“ атмосферски агрегат и еден електромотор, а заедно ќе развиваат околу 840 KS.

Ова се разликува од првичните информации според кои наследникот на „Aventador“ би требало да поседува хибрид „V12“ и три електромотори со вкупно 1.200 KS.

Од „Lamborghini“ најавија дека ќе го електрифицираат наследникот на „Aventador“, па најголем предизвик им е намалувањето на тежината. Дури и најлесната верзија ќе има околу 150-200 kg повеќе од вообичаениот „Lamborghini“.

Друг проблем со кој се среќаваат во „Lamborghini“ се новите стандарди за економичност и емисијата на гасови, односно минималната автономија на електричен погон.

Се уште нема информации како ќе се нарекува наследникот на „Aventador“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП