19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLundbeck казнета од ЕУ

Lundbeck казнета од ЕУ

lunbeck1

Европската унија ја казни данската фармацевтска компанија „Lundbeck“ и уште неколку производители со казна од 146 милиони евра.

Компаниите се казнети поради одложувањето на пласирањето во промет на евтините лекови за лечење на депресијата, со цел да генерираат профит на сметка на пациентите.

Европскиот комесар за заштита од конкуренција, Хоакин Алмунија, изјави дека само за „Lundbeck“ е одредена казна од 93,8 милиони евра поради кршење на правилата за конкуренцијата, обвинувајќи ја таа компанија дека со уште неколку производители го одложила пласирањето на генеричката верзија на антидепресивот „Citaloprama“ на пазарот, пренесува агенцијата АП.

Компанијата „Lundbeck“ веднаш изјави дека ќе поднесе жалба на оваа одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП