25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодигнувањето на каматните стапки во САД - лоша вест за сопствениците на...

Подигнувањето на каматните стапки во САД – лоша вест за сопствениците на картички

Американските Федерални резерви (ФЕД) ја зголемија својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на својот последен состанок. За сопствениците на кредитни картички, сепак, тоа значи зголемување на придонесите, пишува „Marketwatch“.

Потрошувачите со долгови од кредитните картички ќе платат 2,4 милијарди долари следната година како резултат на порастот на каматите. Вкупниот износ на долгот на САД од кредитните картички е околу 1.000 милијарди долари, според статистиката на Федералните резерви.

Корисниците обично ги чувствуваат ефектите од зголемување на каматната стапка на ФЕД за околу 60 дена, што значи една или две месечни исплати за кредитните картички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП