22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Наскоро крај на рецесијата во Шпанија

ММФ: Наскоро крај на рецесијата во Шпанија

shpanija2

Рецесијата во Шпанија наскоро би можела да заврши, но изгледите се тешки и официјален Мадрид мора да направи повеќе со цел да се избори со високата стапка на невработеност.

Шпанската економија, која сеуште ги чувствува последиците од пукањето на балонот на недвижнините во 2008 година, во 2011 година падна во двојна рецесија, а нејзината стапка на невработеност се зголеми на повеќе од 27 проценти, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Конзервативната влада на шпанскиот премиер Маријан Рахој продолжи со спроведувањето на програмата со остри мерки за штедење и покрај масовните улични протести, а сега порачува дека на рецесијата и се ближи крајот.

Шпанскиот министер за економија, Луис де Гиндос, изјави дека земјата излегува од рецесија, а еден ден претходно министерот за финансии, Кристобал Монторо, изјави дека економијата се движи кон пресвртната точка.

ММФ во својот годишен извештај за Шпанија се согласи со изјавите дека на рецесијата можеби и се ближи крајот, но предупреди дека пред Шпанија е тежок период.

„Иако постојат индикатори за брзо завршување на рецесијата, перспективите и понатака остануваат тешки“, се наведува во извештајот на ММФ.

Оваа меѓународна институција очекува дека шпанската економија на крајот од 2013 година ќе започне да бележи раст. Шпанските трошоци за задолжување се зголемија на средината на 2012 година, бидејќи инвеститорите беа загрижени за растечкиот годишен дефицит, рецесијата и невработеноста, што ја примора земјата да побара меѓународен пакет помош.

Шпанија на крајот го избегна барањето за целокупен пакет помош, но доби кредитна линија од европските партнери во износ од 100 милијарди евра за чистење на банките од ризични кредити.

Официјален Мадрид до денес искористи 41,3 милијарди евра од таа сума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП