19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУникатен McLaren P1 во чест на првата F1 титула на Аиртон Сена...

Уникатен McLaren P1 во чест на првата F1 титула на Аиртон Сена (фото)

„McLaren Special Operations“ (MSO) во чест на првата титула „F1“ шампион на легендарниот Аиртон Сена во 1988-ма година го направи уникатниот „P1 GTR“.

Единствената верзија на „P1“ со бројот „12“ на шасијата ја доби истата комбинација на црвена и бела боја со карактеристичните линии на тогашниот спонзор „Marlboro“, како болидот „McLaren MP4/4“ во кој покојниот Бразилец за прв пат ја освои „F1“.

Логото на Сена е на неколку делови од каросеријата, неговиот натпреварувачки број 12, знамето на Бразил, а само за фарбањето на автомобилот биле потребни 800 часови.

На прагот на вратата стои натписот: „Не сум создаден да завршам втор или трет… Создаден сум да победувам“.

Целиот проект траеше три години.

„McLaren P1 GRT“ е тркачка верзија на познатиот модел на британскиот производител направен во чест на 20 години од победата на „McLaren F1“ на 24 часа Ле Ман во 1995-та.

Ќе бидат направени само 58 примероци по цена од 2,4 милиони долари, а под хаубата ќе има 3,8-литарски агрегат со твин-турбополнач и 970 KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП