6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама верува во еврозоната

Обама верува во еврозоната

Germany US Obama

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека има доверба во еврозоната за решавање на должничката криза.

Сепак, тој предупреди дека не смее да се загуби од вид главната цел – да се подобри животот на луѓето.

Обама истакна дека Еврозоната треба да ги прилагоди економските мерки, така што ќе се намали големата невработеност меѓу младите.

Невработеноста во еврозоната достигна рекордни 12 проценти, а невработеноста меѓу младите во Шпанија и Грција е над 50 проценти.

Ако невработеноста меѓу младите е премногу висока, неопходно е да се „прилагоди“ пристапот, со цел да се осигура дека „нема да ја загубиме целата генерација“, изјави Обама говорејќи пред германската канцеларка Ангела Меркел, која се издвојува меѓу европските лидери во инсистирањето за намалување на буџетот и структурните реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП