9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry продолжува да ги задоволува инвеститорите

BlackBerry продолжува да ги задоволува инвеститорите

„BlackBerry“ забележа приходи од продажбата за кварталот кои ги надминаа прогнозите на аналитичарите, со што се зголемува бројот на најдобрите изненадувања поврзани со оваа метрика веќе шест квартал и сугерира за трансформирањето во софтверска компанија, пишува „Bloomberg“.

„BlackBerry“ генерираше 59 милиони долари профит за кварталот што заврши на 30-ти ноември, од 275 милиони долари загуба пред една година. На приспособена база компанијата има заработено по 5 центи по акција, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите за 2 центи по акција.

Прилагодената заработувачка од третиот квартал достигна 228 милиони долари, повеќе од очекуваните 215,7 милиони долари.

Приходите на единицата за корпоративен софтвер и услуги, клучен показател за растот, се 96 милиони долари, што е за 1% помалку во однос на една година порано. Претходно, компанијата соопшти дека очекува приходите од софтверот да се влошат уште од фискалната 2019-та година поради промени во сметководствените стандарди.

„BlackBerry“ се повлече од производството на телефони во последниве години, насочувајќи се кон иднината како снабдувач на софтвер за безбедност, под водство на главниот извршен директор Џон Чен.

Компанијата ја потврди прогнозата за 2019-та година. Таа очекува нејзините приходи од софтверот и услугите да се зголемат за меѓу 8 и 10% и да генерира профит по акција.

Во исто време, „BlackBerry“ сака да се фокусира на здравствениот сектор, објави Чен претходно во оваа година.

Како резултат на информациите, цената на акциите на компанијата се зголемија за 3,4% за време на почетокот на тргувањето во Њујорк. Од почетокот на годината, акциите на „BlackBerry“ забележаа пад на вредноста од 34%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП