4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes A-Class најбезбедниот автомобил во сегментот (видео)

Mercedes A-Class најбезбедниот автомобил во сегментот (видео)

Новата генерација на „A-Сlasѕ“ ја доби наградата од „Euro NCAP“ како најбезбеден модел во својата класа во Европа.

„A-Сlasѕ“ ги доби максималните пет ѕвездички во конкуренција на малите семејни автомобили.

Дизајнот на структурата на автомобилот е направен на основа на истражувањата на вистински сообраќајни незгоди, а клучен фактор за поголема безбедност е крутиот патнички дел.

Секој патник има појас за врзување во три точки, со ограничување на силата на притисок, возачот и сувозачот се заштитени со воздушни перничиња, а тука се и перничињата за колената на возачот и страничните прозорците и „А“ столбот како секундарен дел од опремата.

„A-Сlasѕ“ исто така е опремен со бројни системи за асистенција во возилото од кои многу се позајмени од „S-Сlasѕ“, како што се „Active Distance Assist“, „Active Emergency Stop Assist“, „Active Lane Change Assist“ и „Active Brake Assist“ (стандард), додека „PRE-SAFE Plus“ функцијата ја „препознава“ ситуацијата во која е неизбежен судар со друго возило позади и автоматски ја активира сопирачката со цел да се намали опасноста од секундарен судар со трето возило.

Oсновната бензинска верзија претставува „Mercedes A 200“ кој за погон користи четирицилиндарски 1,3-литарски мотор со 163 ks и 250 Nm, во пар со седумстепен автоматски менувач со двојно квачило (7G-DCT) или шестбрзински мануелен менувач.

Помоќниот, „Mercedes A 250“ користи четирицилиндарски 2,0-литарски агреагат со 224 ks и 350 Nm, додека дизел опцијата е застапена од „A 180d“ опремена со 1,5-литарски мотор со четири цилиндри кој развива 116 ks и 260 Nm.

Според фабричките податоци, „A 200“ до „стотка“ забрзува за 8 секунди со „7G-DCT“ менувач, односно 8,2 секунди доколку се одбере мануелен менувач.

Максималната декларирана брзина е 225 km/h, a просечната потрошувачка во комбиниран режим е 5,1 l/100 km (7G-DCT) и 5,6 l/100 km (мануелен менувач).

„Mecedes A 250“ oд 0 дo 100 km/h стигнува за 6,2 секунди и развива максимални 250 km/h, додека потрошувачката според податоците е 6 l/100 km.

Од друга страна, дизелот троши само 4,1 l/100 km, a до „стотка“ стигнува за 10,5 секунди, пред да ги развие максималните 202 km/h.

Предниот погон е стандард кај сите модели, а погонот на сите 4 тркала е исто така достапен како опција. Исто така, по желба може да се нарача и активен систем на суспензијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП