26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат по седум...

Шведската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат по седум години

За прв пат по седум години Шведската централна банка ги зголеми каматните стапки во земјата – историски чекор кој ја оддалечува од нејзината историската програма за стимулирање на пазарите, пишува „Bloomberg“.

Шведската централна банка, со седиште во Стокхолм, ја зголеми стапката за една четвртина до -0,25%. Слична одлука се очекуваше и од помалку од половина од 24-те анкетирани економисти на „Bloomberg“.

„Во позадина на инфлацијата и инфлациските очекувања, кои се наоѓаат околу целта на „Riksbank“ од 2%, потребата од исклучително експанзивната монетарна политика благо е намалена“, се вели во соопштението на регулаторот.

Централните банкари кои објавија очекуван пораст на интерес или овој месец или во февруари, рекоа дека следното зголемување е веројатно да се случи во втората половина од 2019-та година.

По веста од „Riksbank“, круната порасна за 1% во однос на еврото, што е најголемо движење нагоре од почетокот на октомври.

„Централните банки се обидуваат да се справат со целосно спротивните информации во моментов – постои ниска невработеност во поголемиот дел од развиениот свет, додека берзите се под притисок, а трговската војна не е прекината“, коментира главниот економист на „SEB“, Роберт Бергквист. Тој даде пример за зголемувањето на каматите од страна на Федералните резерви и повнимателниот тон за иднината, како и прекинот на програмата за откуп на средства на Европската централна банка.

На сегашното ниво „монетарната политика е се уште експанзивна и на тој начин ќе продолжи да ја поддржува економската активност“, рече банката.

Главниот економист на Шведската централна банка, Ана Бреман не верува дека ќе има уште една каматна стапка пред септември следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП