6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако може да ја уништите вашата кариера?

Како може да ја уништите вашата кариера?

Луѓето кои ги имаат овие верувања немаат доволно енергија да го креираат својот сопствен успех. Немојте да биде едни од нив.

Има пет верувања кои ги прават луѓето помалку успешни. Бидете сигурни дека не сте претплатени на некое од овие верувања.

1. Мојот став за тоа колку вредам е базиран на она што го мислат другите за мене

Некои луѓе се дефинираат себеси врз основа на тоа што го мислат другите за нив. Кога тие се убедени дека другите луѓе имаат слабо мислење за нив, на нив им недостасува самодоверба која е потребна за да преземат акција .

2. Моето минато ја одредува мојата иднина

Кога некои луѓе се соочуваат со неуспеси, тие веруваат дека нивните цели не се остварливи. Со тек на време, тие се обесхрабруваат и ги избегнуваат ситуациите кадешто неуспехот е веројатен. Овие луѓе не преземаат ризици и затоа овие луѓе се немоќни да постигнат успех..

3. Мојата судбина е контролирана од суперсили

Некои луѓе веруваат дека нивниот статус во животот и нивниот човечки потенцијал се резултат на среќа, судбина или Божја интервенција. Овие чести, и многу често глупави верувања ја крадат иницијативноста на луѓето и ги прават пасивни додека чекаат нивната субина да се смени.

4. Моите емоции рефлектираат објективна реалност

Некои луѓе веруваат дека нивните емоции се предизвикани од надворешни настани. Вистина е дека иако емоциите се резултат на перцепцијата на тие настани во комбинација со размислувањето што значат тие настани. За овие луѓе е многу тешко, скоро невозможно да престанат да размислуваат за ова и да ја видат ситуацијата од друга перспектива.

5. Моја цел е да бидам перфектен и да ги правам работите на перфектен начин

Затоа што перфекцијата е недостижна, луѓето кои целат кон неа често се разочаруваат. Перфекционистите го обвинуваат светот за нивниот неуспех наместо да работат за да ги достигнат нивните неверојатни цели. Ова е причината зошто фразата „успешен перфекционист“ се смета за оксиморон.

Ако  имате некое од овие 5 верувања, препорачливо е да ги замените со подобри верувања, кои ќе ве направат посреќни и поусшени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП