2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Полицијата ќе добие повисока плата и исплата за прекувремената работа

Франција: Полицијата ќе добие повисока плата и исплата за прекувремената работа

Француската влада се согласи да им ги зголеми платите на полициските службеници и да им ги исплати неплатените прекувремени работни часови.

По неколкунеделните протести на „жолтите елеци“, кои исто така беа и насилни, француските полицајци и самите протестираа поради прекувремената работа и илјада неисплатени часа.

Додека полицијата протестира, тројца членови на полицискиот синдикат разговараа со претставници од надлежното министерство, а тие разговори траеа цели два дена, објави АП.

Владата, пред да биде постигнат синоќешниот договор, најпрвин предложи на полицајците што го обезбедувале Париз за време на протестите да бидат им бидат исплатени бонуси од 300 евра, што тие одлучно го одбија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП