26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит ги погоди британските банки пред да се случи

Брегзит ги погоди британските банки пред да се случи

Брегзит веќе почна да влијае на британскиот банкарски систем, пред да стане официјален факт.

Според истражувањето на компанијата за човечки ресурси „Morgan Mckinley“ во последната година слободните работни места во лондонските банки се намалени за речиси 40%.

Пад од 28% е забележан и кај финансиските професионалци од лондонскиот „Сити“, кои бараат нова работа.

Сепак, финансиските компании се подготвени да платат 21% повисоки плати на лицата со квалификации што ги бараат, покажува истражувањето.

Во меѓувреме британските банки, инвестициските и осигурителните компании активно го зголемуваат персоналот во своите канцеларии во континентална Европа, подготвувајќи се за претстојниот „развод“ меѓу Лондон и Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП