29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Путин не користи паметен телефон?

Зошто Путин не користи паметен телефон?

“Рускиот претседател Владимир Путин не користи мобилен телефон бидејќи тој уред подразбира подготвеност за целосна транспарентност”, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Во интервју за телевизијата “Русија 24”, изјави дека употребата на паметни телефони е “доброволен егзибиционизам, целосна отвореност”, бидејќи во оној моментот кога ќе земете паметен телефон во рака, корисникот ги прифаќа сите негови објави да се јавни, пренесува ТАСС.

“Се разбира дека претседателот не треба тоа да го работи, особено не претседателот на земја како што е Русија и претседател како што е Путин”, рече Песков, додавајќи дека “старите добри телефони со затворена врска ќе ги надживее паметните телефони”.

Според него, информативните материјали за претседателот се подготвуваат со помош на принтери и дигитални уреди.

“Претседателот може да се информира за компјутер, интернет и преку телевизија”, рече Песков.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП