27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ЕУ се согласија за намалување на банкарските трошоци при размената на...

Во ЕУ се согласија за намалување на банкарските трошоци при размената на еврото

Преговарачите од Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ се согласија да ги намалат банкарските трошоци за плаќања во евра во ЕУ за граѓаните кои не се дел од еврозоната.

Земјите од еврозоната веќе уживаат многу ниски или нула такси што ги плаќаат со картичка или подигнуваат готовината во другите земји од валутиот сојуз, како и кога пренесуваат пари таму.

Според постигнатиот договор, прекуграничните плаќања во евра ќе чинат колку што се трансакциите на локалната валута.

Договорот претставува голем чекор за потрошувачите и компаниите во ЕУ, рече австрискиот министер за финансии Хартвиг ​​Легер, чија земја е ротирачки претседател на ЕУ.

Кога луѓето избираат да плаќаат во својата домашна валута во странство, тоа е речиси секогаш на нивна штета, според истражувањето на Европската организација за потрошувачи (BEUC) во минатата година.

Во иднина ќе треба јасно да се објават девизните курсеви.

Договорот мора да биде одобрен од страна на европарламентарците и земјите-членки, потег што треба да биде формалност.

Новите правила се очекува да влезат во сила до средината на декември следната година, а барањата за транспарентност ќе бидат воведени една година подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП