17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСи Џинпинг: Кина од сиромаштија до втора светска сила за 40 години

Си Џинпинг: Кина од сиромаштија до втора светска сила за 40 години

Кинескиот претседател Си Џинпинг вети дека неговата земја ќе ја продолжи политиката на отвореност кон светот, додека ја фалеше економската политика, која ја претвори Кина од една од најсиромашните земји во светот во втора најголема економска економија за само 40 години.

Си вчера одржа говор на собир на кој беше одбележана 40 годишнината од кинеските реформи и отворања, Концепт кој ја опишува политиката што воведе некои делови од пазараната економија со задржување на еднопартиската власт во земјата.

Тоа што сега е познато како капитализам со кинески карактеристики, во 1978 година го воведе поранешниот кинески комунистички лидер Денг Сиаопинг.

Денг е познат по отворањето на Кина кон странски, во главно земји извознички, од длабоката сиромаштија, која е резултат на катастрофалните политики на Мао Це Тунг.

Во моменти кога Кина е во трговска војна со САД, што остава трага на кинеската економија, Си повеќепати го повтори ветувањето дека ќе продолжи отворањето на кинеската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП