18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетите за одбрана во светот бележат најголем раст во последните 10 години

Буџетите за одбрана во светот бележат најголем раст во последните 10 години

Буџетите за одбрана на земјите во светот постигнале најголем пораст во последните 10 години, а главната заслуга за ваквиот развој ја имаат земјите од НАТО, покажува објавениот извештај на Институтот „IHS Markit“.

Во извештајот се вели дека зголемувањето на трошоците за одбраната е за 4,9 отсто во светот во 2018-та година, односно на 1,78 илјади милијарди долари. Членките на НАТО се „мотор“ зад овој пораст, поради значителниот пораст (од 5,8 отсто) во нивните одбранбени буџети или до 54 милијарди долари и тоа главно поради САД.

Трошоците на земјите-членки на НАТО ќе надмине 1.000 милијарди долари во 2019-та година од 989 ​​милијарди долари во 2018-та година, се вели во извештајот.

Тој нагласува дека благодарение на порастот на цените на нафтата, Саудиска Арабија ја претекнува Франција, така што ја зазема петтата позиција во светот со буџет од 56 милијарди долари во 2018-та година во однос на 53,6 милијарди во Франција, која исто така ги зголеми трошоците за одбрана.

Друга извонредна еволуција во ова рангирање е дека Иран ги престигна Израел и Канада и се рангира на 15-то место.

Максимумот забележан во светот во годината која завршува, го надмина суштинскиот рекордот за периодот по Студената војна, одбележан во 2010-та година, кога трошоците за одбрана биле 1,69 илјади милијарди, се истакнува во извештајот.

„IHS Markit“ забележува дека во 2019-та година, девет земји од НАТО ќе достигнат 2 проценти од нивниот бруто-домашен производ, додека во 2014-та година тие биле само четири. Тука ќе бидат САД, Грција, Естонија, Литванија, Латвија, Велика Британија, Полска, Романија и Франција.

Само САД го зголемија буџетот за одбрана во 2018-та година со 46 милијарди долари до 702,5 милијарди долари, со зголемување од 7 проценти на буџетот на Пентагон – најголемиот од 2008-ма година.

Во 2018-та буџетите за одбраната во Западна Европа се зголемија трета година по ред на 248 милијарди долари (2,4 проценти). Се очекува дека тие ќе продолжат да растат во 2019-та година (3,6 отсто), како резултат на 11 отсто зголемување на трошоците за одбрана на Германија.

Во 2018-та година буџетите за одбрана на земјите од азиско-пацифичкиот регион се зголемиле за 3,6 отсто – помалку отколку во светски рамки, но достигнаа рекордни 465 милијарди долари.

Буџетите за одбрана во Латинска Америка се зголемени во 2018-та година со 10,4 проценти, до 62 милијарди долари, а само трошоците на Бразил изнесуваат 29,9 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП