28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"The New York Times": Хакери со години влагале во системите на Европската...

“The New York Times”: Хакери со години влагале во системите на Европската унија

“The New York Times” напиша дека хакери успешно со години пристапувале до дипломатската комуникациска мрежа на ЕУ и преземале илјадници дипломатски преписки.

Тие, како што се вели, откриле податоци кои укажуваат на загриженоста во врска со непредвидливата администрација на претседателот на САД, Доналд Трамп, напорите да се договорат со Русија и Кина, како и ризиците од преиспитување на договорот со Иран за неговата нуклеарна програма.

Во извештајот објавен во вторникот вечер, се наведува дека фирмата за обезбедување “Area 1” доставила до њујоршкиот медиум листа на повеќе од 1.100 дипломатски пратки по откривањето на нелегалните активности.

Весникот “The New York Times”  тврди дека техниката што ја користат хакерите кореспондира со онаа што ја користи кинеската армија со години.

Во еден од документите се наведува, дека дипломати на ЕУ го опишале состанокот на Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Финска како успешен (барем за Путин).

Во друг документ, по 16-ти јули, детално се наведува разговорот на европските претставници со кинескиот претседател Кси Џинпинг, кои, како што се вели, била направена споредба на Трамповата “злоупотреба” на Пекинг со слободен стил во бокс натпревар во кој е дозволено сè.

Хакерите, како што пишува “The New York Times” , исто така, влегувале и во мрежата на Обединетите нации, моќниот американски синдикат “AFL-CIO” и министрите за надворешни работи и финансии од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП