7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ одобри пакет помош за Украина

ММФ одобри пакет помош за Украина

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри пакет помош за Украина од вкупно 3,9 милијарди долари. Првата транша од 1,4 милијарди долари ќе биде исплатена веднаш.

„Програмата предвидува вкупен заем од 3,9 милијарди долари во период од 14 месеци“, соопшти ММФ.

Фондот во октомври даде зелено светло за реализација на програмата за Украина која излегува од тешката криза и која е соочена со долгови до 2020 година. Украина во 2014 година ја зафатија големи немири, што доведе до промена на власта. Претходните четири години, пак, се соочуваше со големи економски проблеми.

На Украина во претходните години ѝ беа уплатени 6,7 милијарди долари во рамки на тригодишната кредитна програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП