14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапиот автопат во историјата: За 3 километри 70 милиони евра

Најскапиот автопат во историјата: За 3 километри 70 милиони евра

Парите за изградба на најкраткиот и најскапиот пат во хрватската историја конечно се обезбедени, така што се создадени услови за негова изградба.

Станува збор за три километарски пат од јазот Шкуриње до пристаништето во Риека, познат како DC403.

Вкупните трошоци за изградба изнесуваат неверојатни 520 милиони куни (повеќе од 70 милиони евра), а за таква висока цена, “патот” може да се заблагодари на крајно лошиот терен преку кој ќе се гради, пишува Novac.hr.

Од речиси три километри пат, на 1.779 метри ќе бидат изградени објеткти и 1.410 метри потпорни ѕидови. Планирано е да се изградат три вијадукти со вкупна должина од 516 метри, тричлен тунел со должина од 1.263 метри со две постојки и четири пешачки интервентни излези со вкупна должина од 840 метри.

Најважното значење на патот е во тоа што контејнерските терминали на Брајдица и Загребачки брег ќе овозможат директна поврзаност со мрежата на автопатот.

Средствата за изградба се осигурани од фондовите на ЕУ, кои даваат 442 милиони куни (околу 60 милиони евра), додека државата Хрватска ќе ги плати преостанатите 15 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП