18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и ветровито, со температура до 6 степени

Сончево и ветровито, со температура до 6 степени

Преку ноќта на северозапад и во Пелагонија имаше повремен снег. Утринава снег врне во Битолa, а повремено засилен ветер од северозапад има на повисоко и во Штип и Гевгелија повремено со брзина од 25 км/час.

Претпладне времето ќе биде со умерена облачност, а од пладне претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.

Во Скопје, претпладне со мала до умерена облачност, а од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степена.

Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. Повремено по котлините ќе има услови за појава на магла особено утре и за време на викендот. Утре кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста од запад и во петок претпладне ќе има повремени претежно од дожд на пониските места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП