3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуската полиција ќе протестира за подобри работни услови

Француската полиција ќе протестира за подобри работни услови

По „жолтите елеци“ се чини дека сега е време и за „сините елеци“ на Франција.

Имено, по петнеделните протести во земјата, француските полицајци изјавија дека се преморени жалејќи се дека премногу работат, а за тоа се недоволно платени, најавувајќи свој протест оваа недела со цел да добијат посоодветна компензација и работни услови.

Во последните неколку години полициските синдикати многупати се имаат пожалено на истото, а протестите, кои траат веќе еден месец, ја прелеаjа чашата.

В среда припадниците на француската полиција, кои себеси се нарекуваат „сини елеци“, ќе излезат на улиците низ целата земја.

На социјлните медиуми, полицискиот синдикат „Алајанс“ го нарекува прoтестот „Акт 1“, исто како и оној на „жолтите елеци“.

Буџетот на Франција за 2019 година предвидува кратење на средствата за полицијата, поради што многумина стравуваат дека и условите за работа ќе се влошат. Во момент како овој, кога Франција се соочува со протести, тероризам и мигрантската криза, потребни се повеќе пари за полицијата, а не помалку, велат од синдикатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП