
Италијанската популистичка влада планира да ја намали прогнозата за растот за наредната година, така што се обидува да ја убеди Европската унија дека нејзините расходни планови и буџетски проекции се веродостојни, соопштува „Bloomberg“.


Италијанската популистичка влада планира да ја намали прогнозата за растот за наредната година, така што се обидува да ја убеди Европската унија дека нејзините расходни планови и буџетски проекции се веродостојни, соопштува „Bloomberg“.
Италија ќе ја намали прогнозата за БДП-то за 2019-та година до 0,9% или до 1% во однос на сега предвидените 1,5% според вработен во Министерството за финансии, кој побарал да остане анонимен, бидејќи се уште информацијата не е јавна.
Коалицијата во Рим се обидува да ја убеди ЕУ дека планот за трошоците за следната година навистина ќе доведе до буџетски дефицит од 2% од БДП-то. Во исто време, анализата направена од Европската комисија минатиот месец покажува дека дефицитот во реалноста ќе биде блиску до 3%.
Популистичка влада составена од десничарската „Лига“ и антисистемското движење „Пет ѕвезди“, се обидува да избегне санкции од страна на Брисел поради спорниот буџет за 2019-та година пред истекот на крајниот рок на крајот на годината.
Европската комисија побара од Италија да заштеди уште 2,5-3 милијарди евра пред да биде одобрен новиот предлог-буџет на земјата за 2019-та година.
Властите во Рим веќе испратија приспособена верзија на контроверзниот нацрт за следната година во Брисел. Во понеделникот, портпаролот на италијанскиот министер за економија, Џовани Триа, рече дека е во тек договор.
Ревидираниот нацрт-законот на земјата мора да биде доставен до Сенатот и одобрен од двете комори на парламентот. Пропуштањето на крајниот рок би бил политички неповолен за администрацијата, која се обидува да ја зголеми довербата кон неа, а во исто време ќе го одложи извршувањето на скапите предизборни ветувања.