27 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа работа подобро се сложуваме со мажите или жените?

На работа подобро се сложуваме со мажите или жените?

Неодамнешното истражување на Универзитетот во Квебек носи интересни резултати за колегијалноста на мажите и жените на работа – две жени на различни позиции во компанијата полошо ќе соработуваат отколку двајца мажи.

Сепак, кога се на иста позиција жените немаат таков проблем и можат да остварат подобра соработка. Покрај тоа, ова истражување ја потврди и претходната теорија дека жените од понизок хиерархиски ранг потешко соработуваат со оние од повисок ранг.

Од друга страна, мажите полесно ќе кажат што мислат, а жените ќе остават да се развие љубомора.

Истражувачите дојдоа до заклучок дека проблемот настанува кога една жена е помоќна од друга, а тоа укажува на недостаток на доверба на двете страни.

„Тоа значи дека талентираната и образована жена при доаѓањето во нов колектив ќе има помала поддршка отколку мажот“, изјави Бренсон. Во овој случај, како што стои во заклучокот, нема воопшто да и биде полесно дури и ако нејзиниот надреден е маж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП