9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кина – лидер и кај облакодерите во 2018-та

График на денот: Кина – лидер и кај облакодерите во 2018-та

Со 143 згради на висина од најмалку 200 метри, изградени во целиот свет, 2018-та година беше уште една исклучително импресивна година за изградбата на облакодери.

Според „The ​​Council on Tall Buildings and Urban Habitat“ (Советот за високи згради и урбани живеалишта) вкупната висина на овие згради, ако бидат поставени една врз друга, изнесува 35.246 метри, што е повеќе од должината на островот Менхетен. А Кина е во првите редови според подемот на градби на облакодери, со изградба на вкупно 88 во оваа година, коментира „Statista“.

Зградата „Citic Tower“ во Пекинг е највисоката изградена во светот во 2018-та година. Со височина од 528 метри и со 108 ката над земјата, таа е осмата по височина зграда во светот и четврта во Кина.

Вториот по височина облакодер во 2018-та година е 469,5 метри „Vincom Landmark 81“ во Хошимин, Виетнам, а друга зграда во Кина е на третото место. Со своите 452 метри кулата „Changsha IFS Tower T1“ е подигната во градот Чанша.

По Кина, САД ја заземаат далечната втора позиција во рангирањето меѓу облакодерите за 2018-та година со вкупно 13 згради, а ОАЕ е на третото место со десет. Заради небесните амбиции на Кина, Азија стана глобален центар во изградбата на облакодери со 76,2% од сите завршени згради во оваа година. Северна Америка држи удел од 11,2% од вкупниот број, а Блискиот Исток и Африка со 9,1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП