13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Motors гради четири нови фабрики во Кина

General Motors гради четири нови фабрики во Кина

gm2

Американскиот автомобилски гигант „General Motors“ објави дека до 2016 година во Кина ќе инвестира 11 милијарди долари, со цел од европските и јапонските производители да го превземе пазарниот удел во сегменот на луксузните автомобили.

„General Motors“ планира да изгради четири нови фабрики, вклучувајќи ја 1,3 милијарди вредната фабика во Шангај во која ќе се произведува моделот „Cadillac“, изјавија лидерите на „General Motors“.

„Кина денес е клучен пазар за „General Motors“ а така ќе остане и во однина“, изјави претставникот на управата и извршен директор на „General Motors“ Дан Акерсон.

„General Motors“ веќе е најголемиот странски производител на автомобили во Кина, но досега заостануваше во сегментот на луксузни автомобили во кој германските компании според некои проценки држат 80 проценти од пазарниот удел.

Според податоците „General Motors“ во првите пет месеци од оваа година во Кина продаде рекордни 1,33 милиони возила, 10,6 проценти повеќе од истиот период од минатата година.

Фабриката во Шангај ќе има годишен производствен капацитет од 160 илјади возила, а производсвото ќе започне за две години, велат лидерите на американската компанија.

„Ќе ги претставиме тука нашите најквалитетни, премиум производи за да видиме како ќе се справиме со конкуренцијата од Европа и Јапонија“, изјави Акерсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП