10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие мудрости ќе ви помогнат во бизнисот

Овие мудрости ќе ви помогнат во бизнисот

1. Надминувањето на неуспехот Ви дава самодоверба. Пречките се големи алатки за учење, но тие мораат да бидат сведени на минумум.

– Jeffrey Immelt

Или како што вели старата мудрост: ,,Будалата се учи на сопствените грешки, а паметниот на туѓи”. Учете, анализирајте, проценувајте, користете туѓo искуство пред да започнете било каков бизнис.

2. Да започнете со бизнис, потребно е многу повеќе од пари. Морате да имате некој степен на подршка во смисол на: иницијатива, динамика и рекламирање.

– Ren Mulford

Всушност, добрата идеја е потполно безвредна, за оние кои немаат сила и волја.

3. Успехот во работата бара обука, дисциплина и напорна работа. Aко не сте исплашени од овие работи, можностите се еднакво големи и денес, како што биле некогаш.

– David Rockefeller

Во секое време Ве чекаат постојано исти нешта: препреки, потешкотии, кризи, неможности итн. Но, борете се против нив!

4. Трикот е во тоа што се издвојува. Количината на работата  e иста без разлика, тоа Ве прави несреќни или пак јаки.

– Carlos Castaneda

Чувството на среќа или несреќа е состојба на нашиот ум. Наша е одлуката што ќе избереме.

5. Штом нешто замислите и почнете да верувате во тоа, можете и да го исполните. И некои моќни, тешки работи кога ќе се искомбинираат со цел и желба, можат да се претворат во богатство.

– Napoleon Hill

Napoleon Hill е автор на најпознатата мотивациска книга,, Мисли и збогати се”. Тој за оваа цел ги интервјуирал најбогатите и најуспешните личности во Америка во текот на 10 год. Го запознал нивниот менталитет и способности и ако ова тој го тврди треба да му се верува.

6. Победата не е нешто што се случува само еднаш, туку цело време. Победата е навика. За жал, така е и со поразот.

– Vince Lombardi

7. Во бизнис светот, секој е платен на два начини со: пари и искуство. Земете го прво искуството, парите ќе дојдат подоцна.

– Harolda Geneen

Ова може да го сфатите премногу касно. Кога ќе стекнете искуство, тогаш веќе сте стари.

8. За да бидете успешни, морате да го внесете Вашето срце во работата, а работата во срцето.

– Thomas Watson

Нема успех без посветност на работата. Ништо нема да дојде само. Мора да Ве обземе силна страст кон работата.

9. Апсолутна цел во работата е да земате пари од задоволни купувачи.

– John Egan

Затоа што истите тие купувачи повторнo би купиле од кај Вас, а  притоа би Ве препорачале на други.

10. Прикривајте го сопствениот карактер. Тренирајте ги сопствените вештини.

– Peter Schutz

Кого го интересираат Вашитe потреби или пак личните Ваши верувања?  Унапредете ги Вашите работни вештини, но не покажувајте што сакате или не сакате. Тоа оставете го за дома или за пријателите кои можат тоа да го трпат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП