19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА"Sting" повторно во Скопје

“Sting” повторно во Скопје

По рекордно брзо распродадениот концерт што се одржа во Вип Арената на 15.10.2017 (во рамки на “57th & 9th” турнејата), Sting се враќа во Скопје на 02.06.2019, но овој пат на стадионот  „Филип Втори“.

Авалон Продукција на својата фејсбук страна објави дека повторно доаѓа мегаѕвездата “Sting”, но сега на стадионот “Филип Втори”.

Од Авалон велат дека влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда (19-ти декември) во 09 часот наутро, а цените ќе ги објават на фејсбук страната вечерва во 21 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП