29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoogle конференција: Компаниите да вложуваат во интернет маркетинг

Google конференција: Компаниите да вложуваат во интернет маркетинг

internet-marketing-tips

Компаниите и медиумите во Македонија  ја препознаваат новата ера за развој со помош  на интернет маркетингот и социјалните мрежи. Се поголемата  употреба на интернетот отвора можности за успех  и во време на криза со добри идеи и бизнис планови и практикување современ маркетинг пристап.

Тоа се дел од оценките на учесниците на  Go click и Google конференцијата за современ маркетинг, што се одржува денеска во Скопје, во организација на  специјализираната регионална агенција за интернет-маркетинг Goclick, најголем регионален партнер на гигантот Google.

Предавачите на конференцијата, меѓународни специјалисти во областа, пред претставници на извозно ориентирани компании  ги претставуваат можностите за поефективно пристапување на домашните и на странските пазари. Тие изнесуваат детали за успешен маркетинг  на интернет, како најатрактивен  медиум за огласување и привлекување клиенти и корисници.

Лука Нахбар Цвикл, специјалист за социјални мрежи во компанијата Goclick  од Словенија, истакна дека компаниите треба да вложуваат во интернет маркетингот за да можат да имаат резултати и во услови на голема конкуренција и економска криза.

– Во Македонија треба се повеќе да се дискутира за интернет маркетинг и на луѓето да им се укаже дека вреди треба да направат обиди за вложување што повеќе пари во интернет маркетингот. На македонскиот пазар има потенцијал бидејќи Македонија е една од државите со највисока пенетрација во Европа, изјави Цвикл.

Според него, основа за успешно работење за секоја компанија  се добра идеја, добар бизнис план и креативен маркетинг. Во услови кога се помалку се огласува на телевизија, радио и во весници, треба да се искористат потенцијалите на интернет огалсувањето, оцени Цвикл, укажувајќи дека првенствено е потребна веб страница со убав дизјан  и лесен пристап до информациите за задржување на постојните  и привлекување нови потрошувачи и клиенти.

Александра Лелов, основач на GoClick, оцени дека е добро што компаниите сакаат  да научат за  различните маркетинг активности, како  да придобијат нови купувачи, да изградат бренд и да го подобрат односот со потрошувачот.

 – Потенцијалите на интернет маркетингот се препознаени. Интернетот драстично им го смени животот и на компаниите и на потрошувачите. Компаниите треба да се приспособат на сите промени, да го следат развојот и да ги искористат можностите  од интернетот и новите технологии, рече Лелов на отворањето на конференцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП